НЕГОТИНЧАНИ ОСТАНАА БЕЗ ШВАЛЕРСКО ГНЕЗДО, СКОПЈАНИ НЕНАМЕРНО ЈА ЗАПАЛИЛЕ ГОЦЕВА ШУМА - е наслов на текст на порталот Сакам да кажам објавен на 12 ноември 2016 година, каде се повикуваат на според официјалната информација од МВР, Полициската станица од општа надлежност од Неготино поднела кривична пријава против двајца скопјани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар од небрежност“. Тие во август во кругот на винарска визба во атар на селото Курија при изведување градежни работи со брусалка сечеле дебели метални профили. Од искрите се запалила сувата трева, а потоа и шумата.

Швалерското гнездо или Оазата на љубовта во Неготино, како што вообичаено меѓу тиквешани се вика Гоцевата шума околу која со години се плетат најразлични швалерски и љубовни приказни, било запалено од скопјани кои невнимателно сечеле со брусилка. Како што информираше МВР, деновиве неготинската полиција им поднела кривична пријава оти предизвикале штета од над 33 милиони денари.
Во местото за кое се врзуваат бројни догодовштини на наивна и крадена љубов, а во изминатите 44 години се слават празници и се оди на пикник, во август беше предизвикан пожар. Огнот зафати површина од околу 100 хектари. Пламените јазици голтнаа околу 30 хектари борови дрвја. Изгореа трева и меѓи, но зафатени беа и лозови насади.
Коментари (0)
Сѐ уште нема коментари. Бидете први што ќе остават коментар!
Оставете коментар