За нас
Зошто постои овој сајт
Секое село носи со себе спомени, приказни и лица кои полека избледуваат со секоја нова генерација. Селото Курија не е исклучок — а оваа платформа не е само дигитален архив. Таа е обид да го задржиме она што полека нѐ напушта: сеќавањето на нашите предци, нашето потекло и местото од каде доаѓаме.
Кога гледаме стари фотографии, запуштени објекти или слушаме приказни од постарите генерации, не гледаме само камен, малтер или пожолтена хартија. Гледаме спомени. Гледаме едно време и еден начин на живот што полека исчезнува, без некој да го запише, да го фотографира, да го спомене.
Овој сајт е простор каде документираме сѐ што е важно за селото — историја, случувања, фотографии, вести и секојдневие — за да и пресудиме на заборавеноста. Не можеме да ги поправиме покривите и рушевините со зборови, но можеме да го зачуваме достоинството на Курија и да покажеме, за идните генерации, како изгледаше и живееше нашето село. А можеби и иснституциите и надлежните ќе покажат интерес и преземат активност за подобрување на сегашната состојба.