Дрвцето круша на неготинката Лилјана Вучкова вторпат годинава роди плодови. Тоа дрвце се наоѓа во нејзиниот двор во неготинското село Курија, а Лиле во изјава за МИА, потенцира дека вториот пат крушите се поголеми.
– Сево ова предизвика интерес кај мои познаници. Едни велат машала, блазе тебе. Од други се поставува прашањето дали ова можеби е знак за сушна зима, судбината предупредува дека е потребна храна оти ни доаѓа долга и студена зима, или којзнае што друго, додава Вучкова.
Таа открива дека дури имала и совети, да ги скине плодовите, да ги пресече на половинки и да ги замрзне, па да ги подари доколку и побараат луѓе што посакуваат рожба.
Текстот е објавен на 29 октомври 2023 година и во целост можете да го прочитате на страницата на порталот Независен
Коментари (0)
Сѐ уште нема коментари. Бидете први што ќе остават коментар!
Оставете коментар