← Назад кон сите вести
Новости

Село Курија и винаријата „Вардарска Долина“

Село Курија  и винаријата „Вардарска Долина“

Што ги поврзува селото Курија и винаријата „Вардарска Долина“?

 

Во сите записи за винаријата „Вардарска Долина“, основана во 2000 година, клучната улога ѝ припаѓа тaкму на нејзината местоположба. Таа е лоцирана во срцето на тиквешкото виногорје — во неготинското село Курија, каде што успева и опстојува сè до денес. Благодарение на специфичните климатски услови карактеристични за оваа микролокација, насадите со бели сорти грозје се наоѓаат во непосредна близина на самиот објект, односно во самото атарско подрачје на Курија.

Да уживате во прекрасната природа, да имате поглед кон лозови насади, да јадете вкусна храна приготвена по традиционални рецепти од овој крај и да пиете извонредно вино — тоа звучи како слика од рајот, а всушност е реалноста што се искусува во винаријата „Вардарска Долина – Chateau Rizov“ токму во селото Курија.

 

Сместена во ова неготинско село во срцето на Тиквешијата — најпознатиот вински регион во земјава — винаријата „Вардарска Долина – Chateau Rizov“ нуди уникатно доживување за секој посетител. Сончевата земја околу Курија раѓа извонредно грозје, кое мајсторите на винскиот занает тука го претвораат во висококвалитетно вино со специфичен и препознатлив вкус.

 

Преку оваа успешна винска приказна, селото Курија гордо се става на картата на винскиот туризам како задолжителна дестинација на винската тура низ Вардарската Долина. Курија како микролокација од Вардарската долина станува пример за тоа како географската ознака „Вардарска долина“ го штити потеклото: воведувањето на овој систем подразбира стандарди за производство на грозје и идентификација на виното од точно дефинираната област, каде што автентичните тероарски карактеристики доаѓаат до својот целосен израз.

 


Коментари (0)

Сѐ уште нема коментари. Бидете први што ќе остават коментар!

Оставете коментар