← Назад кон сите вести
Курија

Селската црква

Селската црква

Селската црква е изградена  кон крајот на XIX век  и е посветена на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец, во народот познат како Свети Ѓорѓија. Во христијанската иконографија, св.вмч. Георгиј, честопати се слика како војник, кој седи на бел коњ со долго копје в рака прободено во уста на страшната ламја. Верниците ја празнуваат неговата истрајност, заедно ја прославуваат верата за која тој се залагал.

 

Денеска црквата се уште му пркоси на времето. Со голем напор и ентузијазам на селаните  извршени се доста интервенции на надворешноста на црквата и надворешните ѕидови со што е спречено нејзиното  пропаѓање. Изградени, уредени и опремени се и други придружни објекти во служба на верските обичаи.


Коментари (0)

Сѐ уште нема коментари. Бидете први што ќе остават коментар!

Оставете коментар