← Назад кон сите вести
Курија

Вечниот пркос на селските чешми

Вечниот пркос на селските чешми

Многумина жители се сеќаваат на старата селска чешма. Денеска не изгледа  нешто  подобро  од некогаш. Можеби е и истата, а можеби и позапуштена, ама пак незапирливо тече и секогаш  неповторливо и му пркоси на времето.

 

Тече како и некогаш иако ги нема водарите да наполнат ладна вода за ручек, за вечера или тогаш кога одеа на нива. Ги нема и животните кои ги водеа на чешмата да се напијат вода од мрамурите, ги нема и децата кои им ја матеа водата. Старата чешма и денес тече и носи нови времиња... а спомените, спомените да не ги забораваме.

 

Од левата страна на реката обновена е и другата чешма во селото  која доста време беше запуштена. Денеска со нов лик и таа незапирливо тече во  времето на едни нови генерации, а и тие,  искачени на животна сцена без право на проба ги играат  нивните животни улоги, го сонуваат својот сон,  искаена надеж за  среќа и успех.


Коментари (0)

Сѐ уште нема коментари. Бидете први што ќе остават коментар!

Оставете коментар